Ракометната федерација на Македонија ќе биде домаќин на Светското првенство во младинска женска конкуренција во 2024 година. РФМ се докажа како одличен организатор на вакви настани многу години наназад, а сигурно нема да биде поразлично и за четири години.
Тоа ќе биде добра шанса за женскиот ракомет да се обиде да се врати на старите патеки, со оглед на тоа што ќе бидеме домаќини и на сениорското ЕП во 2022 година.
Младинското женско СП оваа година се игра во Романија и за последен пат со 24 репрезентации, бидејќи од 2022 ќе биде зголемен бројот за уште осум, што значи дека во Македонија ќе има 32 репрезентации.
Домаќини на СП би требало да бидат Скопје, Струмица и Охрид, а во главниот град би се играле две групи од прелиминарната рунда, додека во другите два града по една група. Завршницата би требало да биде во Скопје.
РФМ аплицираше за четири настани, меѓу кои и СП за кадетки во 2024, како и за СП за кадети и младинци во 2025 година