Фуксе Берлин му посака добредојде на Кристопанс (ФОТО)

Ракометарот кој до вчера го носеше дресот на Вардар, Даинис Кристопанс од денеска е веќе член на тимот на Фуксе Берлин и до крајот на оваа сезона ќе го носи дресот со број 90.

Денеска тој беше претставен така што ќе биде големо засилување за тимот за кој настапува и Дејан Милосављев.

Кристопанс ќе има можност да игра во Бундес лигата и да му помогне на тимот во трката за повисок пласман, а ова ќе биде можност да остане во форма пред преселбата во Париз.

Како што е познато од јуни Кристопанс има договор со екипата на ПСЖ и се приклучува на шампионот на Франција со кој има договор на три години.