Литванци ќе му делат правда на Вардар против Мотор

Европскиот шампион Вардар по поразот од Кил го очекува можеби клучниот натпревар за потврда на местото во осминафиналето во Лигата на шампионите. Противник ќе биде украинскиот Мотор Запорожје.

Европската ракометна федерација ги делегираше арбитрите за натпреварите од 12 коло во најелитното натпреварување.

На мечот во СЦ „Јане Сандански“ првдата ќе ја делат добро познатите литвански судии Ваидас Мажеика и Миндаугас Гателис, додека делегат е Молдавецот Николае Визитиу.

Литванците му суделе два пати на Вардар на домашен терен, а македонскиот тим забележал две победи, додека на гости му суделе исто така два пати, а „црвено-црниот“ тим бил поразен на двата меча.