Тимот на Рајн Некар Левен славеше над Ним со 32-31 во првото коло од групната фаза на ЕХФ Купот.
На овој натпревар беше постигнат атркативен погодок во првиот дел од гостинскиот ракометар Елохим Пранди, мајсторија каква што ретко се гледа.
Пранди стрелаше со шрауба во голот на „лавовите“ од десната бековска позиција и потсети на погодокот од финалето во женската Лига на шампиони во 2002 година.
Тогаш Индира Кастратовиќ на дуелот против Ференцварош од истата позиција со шрауба погоди во голот на унгарскиот тим.
Тоа беше натпреварот што остана запишан со златни букви во македонската ракометна историја.
Погледнете…
⚠️GOAL OF THE SEASON CONTENDER ALERT⚠️@RNLoewen may have taken a valuable win… but the moment of the match belongs to @ElohimPrandi of @USAMNIMESGARD for this INCREDIBLE behind-the-back goal! Stunning stuff in the #ehfcup 😍 pic.twitter.com/GEhPIu1sH1
— EHF European Cup (@ehf_ec) February 9, 2020