„Преживеав пекол во Германија, сакав да се откажам од ракометот на 26 години“

Ракометарката на ЧСМ Букурешт Крина Пинтеа за медиумите во Романија раскажа за непријатното искуство кое го имаше во Германија каде што повеќе пари платила да замине, отколку што заработила.

Романската ракометарка во периодот од 2015 до 2017 година беше членка на германскиот Турингер. Во последните шест месеци од претстојот во Германија таа потпиша со Париз 92 без притоа да знае дека Турингер може да и го продолжи договорот за уште една година.

„Престојот во Германија беше пекол за мене. Кога му соопштив на Херберт Милер дека сакам да заминам од клубот тој ми рече дека е во ред, но потоа ми се јави и рече дека имам договор уште една година со нив. Тоа беше голем шок за мене бидејќи веќе имав потпишано со Париз. Потоа ми бараа голема сума за да ме ослободат што беше многу повеќе од што заработив. Тогаш на 26 години сакав да ја завршам кариерата“, раскажа Пинтеа.

Турингер од Романката побарале да им плати 40.000 евра да ја ослободат да замине во Париз. Сепак тој износ Пинтеа не била во можност да го плати и останала да тренира во Германија самостојно надвор од клубот уште черити месеци. На крајот Пинтеа платила 20.000 евра за да се ослободи од договорот со Турингер и да замине во Париз, а за времето поминато во Германија од договорот со Турингер заработила 10.000 евра.

По престојот во Париз, Пинтеа одигра една полусезона во европскиот првак Ѓер,