Европскиот шампион Вардар по триумфот на првата средба против Еурофарм Пелистер, славеше и на вториот пријателски натпревар против Металург со убедливи девет голови разлика.
Избраниците на Стевче Алушовски победија со 35-26, но на полувреме имаа само предност од два гола.
Најдобар кај победникот беше Тимур Дибиров со осум гола, го следеше Даинис Кристопанс со шест, додека Чупиќ и Скубе реализираа по пет пати.
Ова беше последната контрола за Вардар пред натпреварот од Лигата на шампионите против Кил на 5 февруари.