Норвешкиот репрезентативец Кент Робин Тонесен, кој заработи повреда на дуелот со Вардар во Скопје во Лигата на шампионите и ќе паузира до крајот на сезоната, го продолжи договорот со унгарскиот гигант Веспрем.
Тонесен би требало да биде подготвен за стартот на новата сезона, а заедно со него на десната бековска позиција ќе играат Хорхе Македа и Омар Јахија, додека полскиот репрезентативец Павел Пачковски веројатно ќе биде ослободен од обврските.
Покрај Македа и Шишкарев, во Веспрем доаѓа и Патрик Лигетвари, кој потекнува од младинскиот погон на унгарскиот гигант, а последните две сезони ги мина на позајмица во Адемар Леон и Ла Риоха.