Некогашниот стратег на Вардар и селектор на Македонија, Веселин Вујовиќ, со тимот на Загреб се наоѓа на подготовки за пролетниот дел од сезоната во Бања Лука.
„Плинарите“ со особен интерес го следеа натпреварот од полуфиналето на Европското првенство, кој го доби Хрватска по дури 80 минути борба до последен атом.
Вујовиќ и Загреб прославија еуфорично во ресторан во Бања Лука, а по натпреварот легендарниот стратег бил прашан од обезбедувањето дали ќе им биде потреба полициска заштита кога ќе се упатат кон хотелот.
Вујо сепак одбил такво нешто.
„Искрено, мислам дека во Бања Лука не ни е потребна полициска заштита“, одговорил Вујовиќ.
#EHFEURO2020 FINAAAAAAAALS!!! ❤️🤍💙 #rkzagreb #dreamwinremember pic.twitter.com/vAUxnA3Rl5
— RK PPD Zagreb (@RKZagreb) January 24, 2020