Селекцијата на Хрватска по долги 80 минути и четири продолженија обезбеди пласман во големото финале на Европското првенство.
Иако имаат олимписко и светско злато, сепак им фали европско во богатата колекција на медали од големи натпреварувања, па затоа и така еуфорично беше минатата ноќ.
Честитки за ракометарите стигнуваа од сите страни, а некогашниот вардарец Дејан Милосављев се огласи на Инстаграм и му честита на Игор Карачиќ, со кој мина една сезона во македонскиот тим.
„Пријателе, ти посакувам злато! Среќно“, напиша Милосављев.