Репрезентацијата на Хрватска вчера си обезбеди место во финалето на Европското првенство, а истото доаѓа после пауза од дури десет години. Хрватите имаа неверојатен натпревар против Норвешка во полуфиналето така што дојдоа до можност да го поправат она што го пропуштија во 2008 и 2010 година.
Червар тогаш имаше сосема друга генерација на ракометари, а финалињата на Европските првенства ги губеше против Данска и Франција.
Сега ќе има можност против Шпанија да дојде до единствениот златен медал кој недостига во неговата кариера.
„Ова ќе ми биде десеттиот медал. Мислев дека ќе се простам без медал, но играчите рекоа: Ви ја посветуваме. Тие се заслужни за сето ова. Сите честитки дајте им ги на ракометарите“, изјави Червар.
Финалето е утре од 16:30 часот, а ќе биде вистински подвиг да се дојде до победа после големиот дуел во полуфиналето во кое Хрватска играше дури 80 минути за да ја совлада Норвешка со 29:28.