Циндриќ: Важно дека победивме, а јас ќе бидам добро

Еден од ракометарите кои дадоа многу во досгашниот дел од првенството за Хрватска, Лука Циндриќ денеска играше повреден против Норвешка и го даде максимумот на теренот.

Вели дека во моментов не е важно како се чувствува туку дека успеале да стигнат до мечот за златото.

„Од првата до последната минута имаше голема борба на теренот. Заслужено дојдовме до победа на овој натпревар. Уште еднаш се потврди дека сè се враќа во животот. Не знам што би рекол после еден ваков натпревар. Важно останавме смирени. Беше тешко за играчите кои одработеа 60 минути да играат уште 20 дополнителни. Сега не очекува малку одмор, а потоа финале. Ќе биде голема борба, а ние одиме да го освоиме златото. Денеска е најважно дека победивме, а јас ќе бидам добро“, изјави Циндриќ.

Тој и денеска не можеше да одигра многу, но сигурно е дека и в недела ќе им помогне на колегите.