Георгиевски: Ништо не е загубено…

Македонија загуби во второто коло на Европското првенство во Австрија од селекцијата на Чешка. Десното крило Гоце Георгиевски вели дека шансите не се загубени и дека Австрија е ривал што повеќе ни одговара.

„Се боревме, имавме желба, но паднавме во вториот дел. Чесите погодија неколку тешки шутеви, беа подобри по одморот. Ние не се снајдовме најдобро во тој период, иако дојдовме во егал. Потоа повторно паднавме, но ништо не е загубено. За два дена не очекува решавачкиот меч со Австрија и мислам дека таа селекција можеби и повеќе ни одговара. Останува да се подготвиме и да одиграме најдобро што умееме на третиот натпревар“, изјави Георгиевски.

За нас сега останува последниот натпревар на 14 јануари против домаќинот, на кој ни одговара само победа доколку сакаме место во втората фаза.