фото:

Рекордерот по настапи на ЕП не е во Виена, но им даде поддршка на ракометарите! (ФОТО)

Машката ракометна репрезентација на Македонија денска го започнува настапот на шестото Европско првенство, петто по ред, а прв противник ќе ни биде селекцијата на Украина.

Во „Штадхале Арена“ нема да се појави легендарниот дефанзивец Ацо Јоновски, кој одамна се прости од националниот тим, но и покрај тоа ги следи настапите на Македонија.

Тој на социјалните мрежи ја изрази поддршката и им посака на нашите ракометари да стартуваат со победа на континенталниот собир. Јоновски сега е играч-тренер во германскиот нисколигаш Ратинген, а досега има 25 натпревари на ЕП, рекорд кој вечерва ќе биде надминат.

Натпреварот меѓу Македонија и Украина се игра вечерва со почеток во 20:30 часот.