Историјата носи израмнети бројки: Иста гол разлика, исти бодови… против Украина денеска е шанса за предност

Репрезентациите на Македонија и Украина досега имаат четири официјални натпревари во квалификациите, а бројките од досега одиграните средби се речиси идентични. Никој нема предност со оглед на тоа што и бројот на победи и гол разликата се еднакви.

Македонија победи пред три години во Скопје, а Украина во сега веќе далечната 1996 година. Покрај тоа им и две нерешени средби во Битола и Суми. Инаку, победите и во Скопје и во Киев беа изразени со по шест погодоци разлика.

Оттаму денеска е шансата за Македонија да направи предност во однос на Украина во меѓусебните пресметки.

ДОСЕГАШНИ МЕЃУСЕБНИ ПРЕСМЕТКИ

2 ОКТОМВРИ 1996 (БИТОЛА)

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА         13:13 (7:6)

6 ОКТОМВРИ 1996 (КИЕВ)

УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА         25:19 (11:6)

2 НОЕМВРИ 2016 (СКОПЈЕ)

МАКЕДОНИЈА – УКРАИНА         27:21 (13:10)

15 ЈУНИ 2017 (СУМИ)

УКРАИНА – МАКЕДОНИЈА         27:27 (14:18)