Противникот на Македонија во вторниот натпревар на Европското првенство, Чешка во Виена ќе има на располагање 17 ракометари.
Селекторите Јан Филип и Даниел Кубеш се одлучија да имаат по двајца голмани, леви и десни крила и десни бекови, како и по тројца пивоти, леви и средни бекови за овој шампионат.
Тие го направија изборот, а во продолжение можете да ги видите имињата на играчите кои ќе настапат во првиот круг на првенството.
СОСТАВ НА ЧЕШКА ЗА ЕП 2020
ГОЛМАНИ: Мартин Галија (Горник Забже, Полска), Томас Мрква (Бергишер, Германија)
ЛЕВИ КРИЛА: Јакуб Хрстка (Десау Рослауер, Германија), Марек Ванчо (Елбфлоренц, Германија).
ЛЕВИ БЕКОВИ: Павел Хорак (Кил, Германија), Матеј Клима (Дукла Прага, Чешка), Доминик Солак (Карвина, Чешка).
СРЕДНИ БЕКОВИ: Томаш Бабак (Бергишер, Германија), Роман Бечвар (Тус Н-Либек, Германија), Андреј Здрахала (Висла Плоцк, Полска).
ДЕСНИ БЕКОВИ: Станислав Каспарек (Пик Сегед, Унгарија), Диедон Мубензем (Хутенберг, Германија).
ДЕСНИ КРИЛА: Томаш Чип (Баја Маре, Романија), Мирослав Јурка (Робе Зубри, Чешка)
ПИКЕРИ: Јан Мојзиш (Емсдетен, Германија), Петр Шлахта (Ауе, Германија), Степан Земан (Кобург, Германија)