Тимот на Гвадалахара, каде што настапува македонскиот интернационалец Костадин Петров, одигра нерешено со големиот фаворит Бидасоа Ирун во Асобал лигата.
Иако Гвадалахара губеше со 11-19 во второто полувреме, предводена од одличната одбрана полека готопеше гостинското водство и на триесетина секунди до крајот стигна до водство 26-25.
Сепак Бидасоа погоди на шест секунди до крајот и се спаси од пораз. Петров стандардно беше главен во одбраната на домашниот тим, а постигна и еден погодок во вториот дел, во моментите кога Гвадалахара го правеше камбекот.
Тимот на Петров сега е на 12. позиција на табелата во Асобал лигата, а следен предизвик ќе биде гостувањето кај Хуеска.