Селекторот на сениорската женска репрезентација Симе Симовски го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за пријателските натпревари во рамките на ЕХФ неделата.
Симовски ќе смета на 22 ракометарки, меѓу се 12 интернационалки, како и 11 ракометарки што настапуваат за Вардар, Металург и Куманово во Женската лига.
На пријателскиот турнир, што ќе се одржи од 22 до 25 ноември, покрај сениорките на Турција, ќе настапат и младинките, како и Косово и Италија.
Собирот на сениорките ќе биде в понеделник во 10:00 часот во СЦ „Борис Трајковски“.