Спартак се помачи, но го доби дуелот со Ѓорче Петров

Ракометарките на Спартак ја запишаа четвртата победа во Женската лига, откако на домашен терен беа подобри од тимот на Ѓорче Петров со 24-22.

Гостинките добро го отворија мечот, диктираа темпо во првите десетина минути, водеа со 3-4, но неколку грешки во нападот во серија, беа доволни за Спартак да го сврти натпреварот во своја полза. Поведоа домаќинките со 7-4, а имаа и 10-6, но до паузата Ѓорче Петров намали на 12-9.

Во вториот дел гостинките се вратија во игра, дојдоа до 17-16, но немаа сили за комплетен пресврт. Иако ниту Спартак не одигра најдобро во финишот, сепак избраничките на Веко Мицевски погодуваа кога треба и го добија мечот со два разлика.

Најдобри стрелци кај домашните беа Андонова со осум, како и Василева и Костадиновска со по четири, додека кај Ѓорче се истакнаа Србиновска со осум и Цветановска со седум погодоци.