Како што наближува Европското првенство така станува интересно да се видат одредени листи на ракометари кои може да заблескаат на шампионатот. Има различни листи, но една носи имиња на ракометари кои може да заблескаат во играта „еден на еден“.
Има повеќе такви играчи, но во топ 5 се најдоа ѕвездите на Норвешка, Словенија, Хрватска, Холандија и Шпанија. Против нив секоја одбрана ќе има големи проблеми.
Сандер Сагосен (Норвешка)
Со неговата можност да шутира од која било далечина и брзо да решава ситуации, тој е меѓу играчите кои се со најголема експлозивност. Ако одбранбениот играч се опушти барем на секунда тогаш неговиот тим може да доживее казна бидејќи се работи за играч кој знае со еден чекор да си направи простор и да дојде до простор за удар.
Има 25 години, а веќе неколку години е е во врвот на светскиот ракомет. Се појави на ЕП во 2016 година, а сега на домашен терен може да донесе многу за својата селекција.
Миха Зарабец (Словенија)
Можеби ќе биде еден од најниските на Европското првенство, но сигурно нема да биде тоа минус за него туку може да биде предност. Плејмејкерот на Словенија и на Кил со ова добива предност бидејќи располага со одлична брзина која му дава предност лесно да се избори за простор за шут.
Се работи за играч кој лесно го менува темпото и може од мирување да стигне до максимална брзина за само неколку секунди. Ќе биде голем плус за Словенците на овој шампионат.
Лука Циндриќ (Хрватска)
За поранешниот ракометар на Металург и Вардар и не треба посебно да е коментира. Се работи за еден од најдобрите средни бекови во светот и еден од најдобрите ракометари кои можат да одиграат „еден на еден“ против секого. Располага со одлична финта и со идеја во нападот така што секој негов потег е тешко да се прочита.
Воедно има и одличен шут така што од него доаѓаат опаснсоти од сите страни.
Лук Штајнс (Холандија)
Тој е најснискиот играч на оваа листа од Топ 5. Понизок е и од Зарабец и има само 173 сантиметри. Сепак, истото што важи и за Словенецот важи и за него.
Незгоден е кога ќе тргне во акција со оглед на тоа што е тешко да биде чуван поради висината, па лесно доаѓа до позиција за шут. Тој беше еден од главните играчи на Холандија на патот кон ова Европско првенство.
Алекс Душебаев (Шпанија)
Уште еден поранешен ракометар на Вардар. Душебаев е комплетен бек бидејќи покрај тоа што располага со шут од далечина располага и со добра финта. Зане да одигра „еден на еден“ и да дојде до линијата од шест метри.
Сето ова го прави тежок за чување за противничката одбрана и му дава голема предност кога тргнува во напад.