Некогашната ракометарка на Вардар, Алена Ихнева, во пролетниот дел од сезоната ќе настапува во унгарскиот шампионат.
Таа ќе настапува за составот на Кишварда, за кој потпиша и ракометарката на Будуќност, Сања Премовиќ.
Ихнева дојде во Вардар во 2014 година, играше две сезони, но не го покажа потенцијалот со кој располага во тогашниот состав предводен од Индира Кастратовиќ.
Пред да дојде во Вардар, левиот бек од Русија беше член на Лада Толјати, а потоа играше за францускиот Флери Луар и хрватската Подравка.