Ракометната јавност во Србија беше разбранувана откако помошникот на селекторот Ненад Перуничиќ, Недељко Јовановиќ, во медиумите откри дека добил отказ преку СМС порака. Перуничиќ ја кажа својата верзија за овој настан во изјава за веб-сајтот на српската федерација.
„Ова ми дојде како гром од ведро небо. Изненаден сум малку, бидејќи оваа одлука беше донесена пред два месеци. Пред 20 дена го објавивме списокот на кој јасно се гледаше кој е таму. Секоја почит кон новинарите и медиумите, немам што да додадам, освен дека тоа е моја одлука. Потребно е во одреден момент да изреагираш на одреден начин и не би навлегувал понатаму во тезите. Сметам дека оваа одлука е добра за сите. На Јовановиќ му благодарам на соработката и секако му посакувам сè најдобро во животот. Не сакам да употребам ниту еден лош збор. Моите причини за почеток на соработката беа најискрени. Тука сум чист. Мојата одлука е таква и стојам зад неа. Знам дека сносам голема одговорност, бидејќи работам одговорна работа. Разбирам дека новинарите бараат вести, но да зборуваме за хаос? Хаос навистина нема никаде, ниту го имало и жал ми е што вака испаднаа работите. Во репрезентацијата сите се радуваме на натпреварите што не очекуваат. Момците како и секогаш се расположени“, изјави српскиот селектор.
Србија на ЕП ќе игра во групата А во Грац, заедно со селекциите на Хрватска, Црна Гора и Белорусија.