Еден од дебитантите на големи натпреварувања во сениорскиот дрес, би можел да биде и Ненад Костески, десното крило на Загреб. Тој се најде на поширокиот список и ќе игра на пријателските натпревари против Кувајт и на „Трофеј Карпати“.
„Имаме добри ривали, не смееме никој да потценуваме, но целта е да се избори пласман во вториот круг, но одиме да го направиме најголемиот можен успех. Секој од ракометарите ќе се труди да се избори за место во репрезентацијата, бидејќи секој сонува да оди на ЕП и да ги браните боите на својата држава“, вели Костески.
Македонија ќе игра во групата Б, со домаќинот Австрија, Украина и Чешка, а првиот натпревар ќе го игра на 10 јануари против Украина.