Селекторот на Украина, Сергеј Бебешко, одбра 22 ракометари за првата фаза од подготовките за Европското првенство.
За ривалот на Македонија на континенталниот шампионат, може да игра и најдобриот украински ракометар Сергеј Онуфриенко, кој е во последната фаза од рехабилитацијата.
Десниот бек се најде на скратениот список на Бебешко, а на него се и поранешниот и сегашниот член на Еурофарм Работник, Олександр Шевелев и Владислав Остроушко.
Украинците ќе тренираат од 20 до 28 декември во Јужњи, а потоа од 3 до 5 јануари ќе играат на турнир во Швајцарија, против домаќинот, Холандија и Тунис.