Евгениј Трефилов откако имаше здравствени проблеми е без ангажман како тренер, а сега работи како потпретседател во Ракометната федерација на Русија. Првиот човек во ракометот во Русија, Сергеј Шишкарев изјави дека Трефилов ќе продолжи да му помага на Амброс Мартин на големите натпреварувања.
„Неопходно е појасно да се дефинира форматот на интеракцијата на тимот со Евгениј. Трефилов е сега потпретседател на федерацијата, но во секој случај личноста која направила толку многу за ракометот во Русија има право зборува се што смета дека е правилно. Неопходно е да се одреди кога и во каква форма се искажуваат овие мислења. Мислам дека за сегашниот тренер на репрезентациајта ќе подготвиме нов договор. Со ваков талентиран и паметен тренер како Мартин и со учество на помалку посветен на ракометот Трефилов мислам дека ќе ја најдеме вистинската формула за интераккција. Исто така враќањето на Трефилов на тренерската позиција не е исклучено. Помина низ сите прегледи и ако ги следи препораките од лекарите за шест месеци може да се врати на тренерската работа во било кој клуб“, изјави Шишкарев.
Репрезентацијата на Русија на Светското првенство во Јапонија имаше перфектна прва фаза, а во втората доживеа еден пораз што беше доволно само за бронзениот медал.