Новиот селектор на словенечката репрезентација, Љубомир Врањеш, го направи првиот избор на ракометари за подготовките пред настапот на Европското првенство во Австрија, Норвешка и Шведска.
Од 28 ракометари, колку што беа пријавени на првиот список пред две седмици, Врањеш одбра 24 кои ќе треба да се појават на подготовките во Зрече на 26 декември. Во конкуренција за ЕП нема да бидат браќата Скубе, Сташ и Себастиан, како ниту членовите на Целје, Вид Потеко и Матиц Грошељ.
Врањеш дебито на клупата на Словенија, ќе го има на пријателскиот натпревар во Словењ Градец на 3 јануари од 19:00 часот, додека неговите избраници на 4 јануари ќе тестираат и против Црна Гора.
Словенија ќе игра во групата Ф во Гетеборг, заедно со Швајцарија, Шведска и Полска.