Поранешниот тренер на Металург и селектор на Македонија, Лино Червар, кој е сегашен предводник на хрватската репрезентација, на денешната прес конференција што го означи стартот на подготовките за Европското првенство, соопшти и дека заминува од селекторската позиција по континенталниот собир.
„Пред нас е важна година, ЕП 2020, квалификации за Олимписките игри во Токио ако не бидеме шампиони, па потоа квалификации за СП. Имаме големи искушенија, а тоа не е едноставно. Мојот договор завршува по игрите во Токио, тогаш ќе ја напуштам селекцијата на Хрватска“ , најави Червар на денешната прес конференција.
Противници на Хрватска на Европското првенство во групата А ќе бидат Белорусија, Србија и Црна Гора.