Македонскиот репрезентативец Дејан Манасков го продолжи договорот со унгарскиот гигант Веспрем.
Актуелниот договор на левото крило истекуваше на крајот на оваа сезона, но тој се обврза на нов две годишен, со кој би требало да остане до 2022 година.
Нашиот репрезентативец имаше одлични партии оваа сезона, па раководството на Веспрем не размислуваше да му понуди нов договор.
Покрај Македонецот, нови договори до 2022 година потпишаа и Гашпер Маргуч и Петар Ненадиќ, а Веспрем го потврди и ангажманот на голманот Родриго Коралес од ПСЖ.