Двајцата најефикасни ракометари во првите 14 кола од сезоната во Супер машката лига и единствени кои постигнаа над 100 гола досега ќе бидат со разлика од 29 гола во паузата.
Ова е огромна предност за Давор Палевски, кој ќе биде во голем плус во однос на Ивица Илиев, а она што неколкупати беше потенцирано со ова само се потврдува. Нивниот просек е неверојатен, па затоа и напролет се очекува само да продолжат во ист стил и да продолжат да ги полнат мрежите.
Како изгледа Топ 10 на листата на стрелците можете да видите во продолжение.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ (ПОСЛЕ 14. КОЛО)
ТОП 10
157 – Давор Палевски (Работнички)
128 – Ивица Илиев (Радовиш)
91 – Иван Џонов (Пролет 62)
81 – Бобан Блажески (Охрид)
76 – Мирко Мајиќ (Бутел Скопје)
76 – Филип Николов (Радовиш)
75 – Стефан Талевски (Пелистер)
73 – Лука Стојановиќ (Металург 2)
73 – Стефан Крстевски (Вардар јуниор)
71 – Милан Поповиќ (Металург)
71 – Ласко Андоновски (Пролет 62)