Иако се очекуваше лесна победа на тимот на Преспа против Борец во Велес, сепак ресенчани мораа добро да се испотат за да слават кај аутсајдерот.
Преспа победи со 27-28, со голот на Филип Шиклевски од пенал во последната минута. Во текот на целиот меч беше неизвесно, ниту една од двете екипи не водеше со повеќе од два гола разлика.
Грубата одбрана резултираше содури 17 исклучувања на двете страни и три црвени картони – за Стојанов и Мазнев кај Борец, како и за Машковски од Преспа.
Најдобри стрелци кај домаќинот беа Силјанов со седум, како и Јаневски и Стојанов со по пет голови, додека кај Преспа се истакна Даскаловски со десет погодоци.