Ракометарите на Радовиш денеска ќе играат против Бутел Скопје, а ова ќе биде натпревар на кој мора да паднат одговори околу шансите за пласман во плеј-оф лигата напролет.
Според ситуацијата која постои во моментов на табелата радовишани веќе не се така близу во однос на тимовите кои се во конкуренција за плеј-офот. Играњето во лигата напролет сега е веќе неизвесно така што е сосема јасно дека денеска ќе падне одговорот дали радовишани ќе имаат шанси за плеј-оф или ќе останат предалеку.
Бутел Скопје досега игра стандардно и е на 3. позиција така што ракометарите добро знаат дека не смеат да си дозволат киксеви. Оттаму гостите се фаворити на оваа средба.
Домашните се фаворити на другите две средби денеска. Пелистер очекува триумф против Струга, додека Пролет е пред триумф против Металург 2. Гостите ќе бидат во предност утре, кога Охрид гостува кај Работнички. Исто така ќе бидат во предност и в среда кога Металург ќе гостува кај составот на Вардар јуниор.
СУПЕР МАШКА ЛИГА
ДВОЈКИ ЗА 11. КОЛО
САБОTA, 16 НОЕМВРИ
16:00ч
ПЕЛИСТЕР – СТРУГА
Сала: „Боро Чурлевски“ во Битола. Судии: Димитар и Дејан Георгиевски од Скопје. Делегат: Љупчо Јаневски од Скопје.
18:30ч
РАДОВИШ – БУТЕЛ СКОПЈЕ
Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.
ПРОЛЕТ – МЕТАЛУРГ 2
Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Методија и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Драган Начевски од Скопје.
НЕДЕЛА, 17 НОЕМВРИ
13:00ч
РАБОТНИЧКИ – ОХРИД
Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев од Скопје. Делегат: Лери Мирчевски од Скопје.
СРЕДА, 20 НОЕМВРИ
17:00ч
ВАРДАР ЈУНИОР – МЕТАЛУРГ
Сала: „Јане Сандански“ (мала сала) во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Цане Куртовиќ од Скопје.
ТАБЕЛА: 1. Металург 26 бода (336:252); 2. Охрид 25 (277:226); 3. Бутел Скопје 24 (278:239); 4. Пролет 20 (302:263); 5. Радовиш 15 (303:303); 6. Вардар јуниор 6 (276:300); 7. Пелистер 8 (245:264); 8. Работнички 4 (292:341); 9. Металург II 4 (284:343); 10. Струга 4 (228:290).