Екипата која минатата сезона дојде до пехарот од Купот на Македонија, а годинава игра во добра форма и има максимален број на поени се избори за уште една победа овој пат против составот на Овче Поле СУ со 33:23.
Кумановки уште на стартот од средбата почнаа да покажуваат дека се решени да го добијат овој натпревар и тргнаа сигурно во него. Успеаја да создадат предност која противникот не можеше да ја следи.
Водството на Куманово постојано се зголемуваше, а тоа отвори простор на терен да се најдат и дел од ракометарките кои помалку играат. На овој меч тимот на беше комплетен, но тоа не пречеше да се дојде до победа и да бидат обезбедени нови три бода.
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ – КУМАНОВО 23:33 (13:20)
Сала: „Цар Самоил“ во Свети Николе. Гледачи: 300. Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски од Скопје. Делегат: Зоран Јовановски од Штип.
ОВЧЕ ПОЛЕ СУ: Мицевска, Митева, Манева 6, Вучевска 2, Павловска 3, Костадинова, Стоилова 1, Јовановска 8, Ашкилова, Велковска 2, Стојанова, Павлова, Ефремова, Ташкова 1.
Седмерци: 3/5, Исклучувања: 4 мин.
КУМАНОВО: Косановиќ, Наумоска, Стојчевска, Марковиќ 4, Пецанова 1, Ивановска 5, Гичевска 1, Боризовска, Шарановиќ 3, Јанкуловска 6, Глигоријадис 3, Краљевска 8, Радевска 1, Цветановска 1.
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 6 мин.