Ракометарките на Куманово порано го одиграа мечот од 7. коло бидејќи ги очекува стартот на натпреварите во регионалната лига. Кумановки славеа со 39:18 на гостувањето кај тимот на Ѓорче Петров така што без проблеми дојдоа до три бода.
Победникот беше решен после 30 минути игра. Разликата од 11 гола беше и повеќе од доволна за да може да се дојде до три поени. Гостинките беа сигурни од почетокот на средбата. Наметнаа свое темпо, па на одмор заминаа со 20:9.
Вториот дел беше само формалност и одржување на високата предност. Домашните и во овој период стигнаа до девет гола, а тимот на Куманово реализираше 19 пати.
Со 39:18 Куманово се избори за три бода и успеа да дојде и до 6. победа со оглед на тоа што во едно коло веќе беше слободно, па сега има ист број на бодови со Металург, тим кој уште нема одморано.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ – КУМАНОВО 18:39 (9:20)
Сала: „Христо Батанџиев“ во Скопје. Судии: Иво Ѓорѓиевски и Игор Наумовски од Скопје. Делегат: Златко Локвенец од Скопје.
ЃОРЧЕ ПЕТРОВ: Јовановска, Шкријељ, Маринов, Несторовска, Донева 4, И. Петровска 3, Ј. Петровска, Кежаровска, Србиновска 7, Малцева 1, Ѓорѓиева, Грковска, Антеска, Стефаноска, Цветановска 3.
Седмерци: 1/4, Исклучувања: 8 мин.
КУМАНОВО: Косановиќ, Стојчевска, Наумоска, Пецанова 2, Трајковиќ 7, Ивановска 2, Боризовска 4, Шарановиќ, Чокели 7, Јанкуловска 6, Кипријановска 3, Глигоријадис 4, Краљевска 3, Радевска, Цветановска 1.
Седмерци: 3/3, Исклучувања: 18 мин.