Екипата на Металург 2 во 12. коло од Супер лигата стигна до втората победа откако славеше на домашен терен против составот на Работнички со 36:34.
Домашниот состав на овој дуел имаше мала фаворитска улога што на крајот успеа да ја оправда, но на почетоткот не изгледаше така. Работнички започна многу подобро и направи убаво водство од 6:1, но во продолжението избраниците на Игор Котевски заиграа подобро и предността на гостите започна да се топи. До полувремето Металург 2 ја анулираше почетната негатива и по 30 минути игра беше 16:16.
Спротивно на првиот дел, почетокот на продолжението припадна на домашниот состав. Металург 2 поведе со 25:20 и ја најави победата. Следуваше пад на играта на Металург 2 што гостинската екипа го искористи и во завршницата влезе со нерешен резултат 33:33.
Сепак тука не се снајдоа најдобро играчите на Работнички, направија три грешки по ред во нападите и му овозможија на противникот набрзина да ја врати позитивата од три гола. Во последните моменти беше предоцна за Работнички и само го ублажија поразот.
Најпрецизен во составот на Метлаург 2 беше Лука Стојановиќ со десет гола, додека во тимот на Работнички уште еднаш најрасположен за игра беше Давор Палевски со 17 погодоци.
МЕТАЛУРГ 2 – РАБОТНИЧКИ 36:34(16:16)
Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Гледачи: 120. Судии: Методија Илиевски и Михајло Илиевски од Битола. Делегат: Камер Металари од Скопје.
МЕТАЛУРГ 2: Михајлов 1, Фидановски, Мелоски 4, Кофиловски 4, Стоилевски 6, Ацевски, Божиновски, Митиќ, Мирчевски, Василевски, Ристовски 3, Георгиевски, Љубевски, Стојановиќ 10, Додиќ 5, Ефтимов 3.
Седмерци: 9/10. Ислучувања: 10 мин.
РАБОТНИЧКИ: Куртановиќ, Осман 2, Михајловиќ 3, Гичев 2, Фиданов 1, Стефаноски, Петковски, Темелкоски 6, М.Кочаров, С.Кочаров, Виларов, Палевски 17, Бошковски 3, Џепаровски, Јосифовски, Богоевски.
Седмерци: 4/4. Исклучувања: 16 мин.