Ракометарите на Вардар Неготино дојдоа до лесна победа на дуелот против Текстилец во 5. коло од Групата 1 во Првата машка лига.
Неготинци наметнаа свое темпо и игра уште од првата минута и отворија со 3:0. Откако го направија ова веќе немаа проблеми за да имаат целосна контрола, па постојано беа во водство. Најголемата предност во првиот дел беше шест гола и не беше никаков проблем да се одржува во поголемиот дел од полувремето. Сепак, пред заминувањето на одмор Текстилец успеа да намали на 15:11.
Во вториот дел одново уште на стартот следуваше 3:0 за домашните и зголемување на плус седум, па потоа само се зголемуваше разликата која на моменти беше и двоцифрена. Сепак, во финишот дојде до опуштање, па гостите успеаја да намалат на осум разлика за конечни 31:23.
ВАРДАР НЕГОТИНО – ТЕКСТИЛЕЦ 31:23 (15:11)
Сала: „Кирил и Методиј“ во Неготино. Гледачи: 100. Судии: Спаско Ќаев од Скопје и Даниел Ристовски од Велес. Делегат: Сашо Младенов од Скопје.
ВАРДАР НЕГОТИНО: Бор. Трпески 2, Бој. Трпески 1, Орешков 1, Митевски 2, Најдов 1, Ивановски 2, Трајковски, Недев, Ивановски, Стаменов 6, Ѓорѓев 1, Крстев 1, Јефремов, Којев 4, Вељанов 8, Најдов 2.
Седмерци: 3/4, Исклучувања: 12 мин.
ТЕКСТИЛЕЦ: Кипријановски, Миланов, Ристов 1, Митрев 1, Трајчев, Сичков 2, Петров 3, Попов 2, Јовановски, Стојманов 4, Лазаров 1, Гогов 9.
Седмерци: 3/5, Исклучувања: 10 мин.