Супер машка лига: Ден за возбудувања во Скопје

Со оглед на тоа што две средби ќе бидат одиграни в среда поради тоа што Бутел Скопје и Пелистер играат во Купот на ЕХФ, за денеска остануваат само два меча од 6. коло во Супер машката лига кои ќе бидат одиграни денеска во Скопје.

Едниот дуел е меѓу вторите екипи на Металург и Вардар јуниор и истиот ќе биде одигран во време додека ќе привршува средбата меѓу Вардар и Кил.

Покрај овој меч денеска играат и Пролет и Радовиш. Се очекува и тука исто како и во Автокоманда да има неизвесност, така што ова можат да бидат две интересни средби.

Сепак, пред почетокот на натпреварите домашните се во мала предност.

СУПЕР МАШКА ЛИГА

ДВОЈКИ И РЕЗУЛТАТИ ОД 6. КОЛО

МЕТАЛУРГ – СТРУГА     32:25 (ИЗВЕШТАЈ)

Шилегов 6, Лазаревски 6, Поповиќ 5 – Кузманоски 7, Новаковиќ 6, Симоноски 5

САБОТА, 12 ОКТОМВРИ

18:00ч

МЕТАЛУРГ 2 – ВАРДАР ЈУНИОР

Сала: „Автокоманда“ во Скопје. Судии: Сашо Кркачев и Ѓоко Колевски од Скопје. Делегат: Русе Наумовски од Скопје.

19:00ч

ПРОЛЕТ 62 – РАДОВИШ

Сала: „Македонско сонце“ во Скопје. Судии: Ѓорѓи Начевски и Славе Николов од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

СРЕДА, 16 ДЕКЕМВРИ

16:00ч

РАБОТНИЧКИ – ПЕЛИСТЕР

Сала: СРЦ „Кале“ во Скопје. Судии: Рубин Седлоски и Горан Ангелески од Прилеп. Делегат: Петре Климкаров од Велес.

19:00ч

ГРК ОХРИД – БУТЕЛ СКОПЈЕ

Сала: СЦ „Билјанини извори“ во Скопје. Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски од Битола. Делегат: Славчо Каланоски од Струга.

ТАБЕЛА: 1. Металург 16 бода (205:150); 2. Охрид 12 (135:110); 3. Бутел Скопје 12 (143:122); 3. Пролет 11 (141:136); 5. Радовиш 9 (163:147); 6. Пелистер 5 (117:123); 7. Работнички 4 (147:171); 8. Вардар јуниор 3 (118:155); 9. Струга 1 (142:168); 10. Металург II 1 (152:181).