Екипата на Чаир имаше тежок натпервар во 11. коло од Женската лига, на домашен терен остварија минимална победа со пресврт во последните минути над составот на Спартак со 26:25.
Ракометарките на Спартак имаа добро издание на овој натпревар, отворија со предност од 5:1 во почетните минути. Предността успешно ја одржуваа во поголемниот дел од мечот, но до полувремето Чаир успеа да намали на минус еден. По 30 минути игра Спартак имаше водство 12:11.
Продолжението не донесе ништо ново, гостинките успеаваа да се одржат во позитива се до завршницата. Тогаш попуштија и дозволија Чаир за прв пат да поведе со 22:21. Од тогаш домашниот тим не го испушти водството и стигна до нова победа.
Со оваа победа Чаир има учинок од осум победи и два пораза и останува при врвот на табелата зад Куманово и Металург. Најефикасна во составот на Чаир беше Марија Николовска со 12 гола. Во составот на гостинките Јована Величковска со шест гола беше прв стрелец.
ЧАИР – СПАРТАК 26:25(11:12)
Сала: 7-ми март во Скопје. Гледачи: 200. Судии: Адриана Здравковска и Сања Божиновска. Делегат: Митко Ѓорѓиевски.
ЧАИР: Сандева, Петровска, Петровска, М.Николовска 12, Каранфиловска, Бакиќ 6, Рамуко, Димитриевска 1, Рамуко, Сали, Мартиновска 2, Шерифи, Реџеп 3, Кицеска, Ѓуриќ, А.Николовска 2.
Седмерци: 2/3. Исклучувања: 10 мин.
СПАРТАК: Филиповска, Неделковска, Прленда, Китановска 3, Костадинвска 3, Василева 3, Самарџиска, Стефановска 5, Величковска 6, Димитрова 1, Лазаровска, Андонова 1, Кимовска, Кимовска Домазетоска 3, Кузмановска.
Седмерци: 1/1. Ислучувања: 6 мин.