Натпреварот од 4. коло од СЕХА лигата меѓу Татран Прешов и Вардар денеска се игра во Словачка каде од 20:45 часот „црвено-црните“ ќе имаат обид да се изборат за нова победа.
После 11 победи во серија против составот на Татран, ова е можност и за 12. триумф на вардарци кои влагаат како фаворити во оваа пресметка. Сите работи водат кон тоа Вардар да дојде до триумф на ова гостување, но ќе мора да се одработи добро на средбата.
Овој натпревар е последен од 4. коло во Групата А, а на него вардарци можат да се изборат за пласман на првата позиција со оглед на тоа што денеска тимот на Мотор претрпе пораз од Војводина.
Исто како и другите средби и овој оди во пренос на Македонската телевизија, но на собранискиот канал. Доколку не сте во можност да го следите тогаш тоа ќе можете да го направите на следниот ЛИНК.