Екипата на Стружанка во 9. коло од Женската лига имаше сигурно издание и нова победа пред своите гледачи, овојпат беше совладана екипата на Гевгелија со 33:26.
Домашната екипа ја имаше контролата на резултатот во текот на целиот натпревар. Во првите 30 минути Стружанка оствари предност од три гола и на полувреме екипите заминаа со резултат 13:10.
Во вториот дел следуваше поефикасна игра на двете страни, но Гевгелија не можеше да парира на темпото на екипата од Струга. Водството на домашниот тим се зголемуваше, а до крајот на мечот се искачи на високи седум разлика.
Најефикасни во тимот на Стружанка беа, Дукоска со 11 погодоци и Делиоска со дест гола. Во составот на Гевгелија, Попова постигна седум зад неа Митрова со шест беше втор стрелец во екипата.
СТРУЖАНКА – ГЕВГЕЛИЈА 33:26 (13:10)
Сала: Нико Нестор во Струга. Судии: Благојче Тодоровски и Димитар Митревски. Делегат: Саше Јанкулоски.
СТРУЖАНКА: Митоска 1, Јовичинац 3, Дукоска, Переска 1, Затуроска 1, Јоноска 3, Ѓоршулеска, Балоска, Петреска 2, Делиоска 10, Ѓокеска.
Седмерци: 3/4. Исклучувања: 10 мин.
ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Басова, Мандалова 1, Попова 7, Петрова, Ибрахимович, Горковска, Попова 4, Митрова, Петковска 4, Тимчева, Танева 4, Митрова 6.
Седмерци: 3/4. Исклучувања: 8 мин.