За разлика од вчерашното прво полувреме денеска репрезентацијата на Македонија има предност од три гола против Грузија и води со 17:14.
Македонија можеше да има и поголема предност, но работите не се одвиваа како што посакуаше Брестовац. Имаше одново падови што се одразуваше на резултатот, па тоа беше причлна на одмор да се има само мала предност.
Репрезентативците на македонија имаа добар старт. талески со три гола отвори одлично за 3:1, а потоа оваа разлика се зголемуваше. Во 14. минута резултатот беше 9:4, но брзо беше загубена и противникот намали на 9:7.
Потоа одново се бараше играта која ќе донесе простор да може да се има мирна завршница на првиот дел од играта. Најголемата предност беше обезбедена во 25. минута кога резултатот беше 15:9, но потоа со 0:4 одново беше загубено ова водство, па во финишот од полувремето се дојде до плус три и 17:14 на паузата.
Најефикасен во првиот дел е Талески со пет гола, Пешевски и Димитриоски имаат по три, Костески и Попоски по два гола, додека Танкоски и Маџовски реализираа по еднаш. Томовски имаше шест успешни интервенции во првото полувреме.