Изминатиот викенд се одиграа натпреварите од третото коло во пионерскиот шампионат во женска конкуренција.
Составите на Аеродром и Вардар ги забележаа и третите победи во исто толку натпревари, а Металург изненадувачки ремизираше со Делчево Вардар.
Во групата 2, Пелистер и Стружанка немаа проблеми со гостинките и ја оправдаа фаворитската улога.
Резултати, 3. коло:
Група 1
Ѓорче Петров – Алушовски 12:21 (4:6)
Велкова 5 – Аеродром 19:22 (7:11)
КЛ 7 Лазарови – Драчево 21:13 (10:2)
Куманово – Вардар 12:27 (4:9)
Металург – Делчево Вардар 15:15 (8:7)
Група 2
Пелистер – Лихнид 2012 22:13 (11:7)
Сани – Феникс АМ 23:13 (11:6)
Стружанка – Кале МК Вардар 28:12 (13:5)