Екипата на Чаир оствари и трета победа во Женската лига откако славеше на гостувањето кај Гвгелија со 30:27 во рамки на 4. коло од првенството.
Девојките од Чаир остануваат на стопроцентен учинок со три победи во четири кола со оглед на тоа што во третото коло беа слободни. На почеткокот на натпреварот имаа добра игра и контрола на резултатот. До крајот на првиот дел успешно ја оджуваа предността и на одмор заминаа со 17:14.
Гевгелија имаше подобар почеток на вториот дел кога успеа целосно да се врати во дуелот и да поведе со 20:19. Но тоа траеше многу кратко, гостите од Скопје брзо го вратија водството и во финишот на мечот влегоа со сигурна предност од три која без проблеми ја одржаа до крајот на натпреварот.
Во екипата на Гевгелија, Драгица Митрова и Јасмина Попова постигаа по седум гола и беа најефикасни во својата екипа, а во гостинскиот состав Ленора Рахмани постигна девет гола, а Анастасија Николовска погоди седум пати.
ГЕВГЕЛИЈА – ЧАИР 27:30 (14:17)
Сала: 26-ти април во Гевгелија. Гледачи: 100. Судии: Војо Христовски и Бобан Мајнов од Скопје. Делегат: Јаневски Љупчо од Скопје.
ГЕВГЕЛИЈА: Каранфиловска, Басова, Мандалова, Ј.Попова 7, Пецевска 6, Митревска 5, Горковска, Н.Попова, П.Митрова, Петковска 2, Д.Тимчева, А.Тимчева, Митрова 7.
Седмерци: 1/1. Исклучувања: 8 мин.
ЧАИР: Петровска, Петровска, Николовска 4, Каранфиловска 4, Бакиќ 5, Димитриевска, Рамухо 1, Рахмани 9, Рамуко, Сали, Донева, Шерифи, Реџеп, Кицеска, Ѓуриќ, Николовска 7.
Седмерци: 4/5. Исклучувања: 8 мин.