Тимот на Нант по поразот од ПСЖ, забележи три победи во францускиот шампионат, а сега ја продолжи серијата, откако славеше на гостински терен кај Кретеј со 27-34.
Кире Лазаров и неговите соиграчи немаа поголеми проблеми со домашниот состав. Кретеј одржуваше рамнотежа и беше во егал во првиот дел, но потоа Нант ја презема контролата и до крајот не ја испушти предноста.
Македонскиот репрезентативец беше меѓу подобрите стрелци кај Нант и постигна три погодоци од пет обиди, додека најдобар стрелец беше Мин со осум голови.