24АНАЛИЗА: Што има ракометот, спортот и Македонија од ова таканаречено подмладување?

Гледајќи дека "некој" нема ниту чест, ниту образ, а најмалку дигнитет и достоинство сам да си замине, се наметнуваат две прашање или дилеми кои ги имам, а тоа се, или најодговорниот не есапи ништо и никој во државата и мисли дека репрезентацијата е приватна своина и може да прави што сака? или можеби е нешто друго што е поврзано со финансиски бенефит.

Размислувајќи и правејќи некоја ретроспектива на вчерашниот натпревар и читајќи ги изјавите од најодговорниот, навистина не знам како да ја сфатам целата ситуација. Селекторот вели дека увидел дека не сме можеле да играме 6 на 6 во текот на натпреварот и сме биле физички послаби или другите биле подоминантни!???

Па зарем ние сега дознавме дека ќе играме со Франција, Германија и Швајцарија или веројатно тоа се знаеше однапред? Зарем не правите некаква си анализа на ривалите на база на тоа што ја правите вашата екипа и тактика? Мене стварно не ми се јасни многу работи и не можам да сфатам дали некој се уште мисли дека јавноста е неука и дека не ги гледа работите?

Ова е веќе трето големо натпреварување со овој селектор и замолувам некој, било кој, да ми каже што ракометот, спортот и Македонија, како држава, има од ова таканаречено подмладување?

Што се однесува до вчерашниот натпревар, можам да кажам дека буквално ништо не беше како што треба. Погрешна селекција, грешна тактика…апсолутно никаква хемија која се гледа од авион дека ја нема. Некакви со повремени блесоци кои не значат ништо за големата слика.

Апсолутно надиграни на секое поле и навистина жалам за играчите кои се оставени во таа ситуација. Гледајќи дека “некој” нема ниту чест, ниту образ, а најмалку дигнитет и достоинство сам да си замине, се наметнуваат две прашање или дилеми кои ги имам, а тоа се, или најодговорниот не есапи ништо и никој во државата и мисли дека репрезентацијата е приватна своина и може да прави што сака? Или можеби е нешто друго што е поврзано со финансиски бенефит?

Мене лично ме интересира која е таа сума на пари за која најодговорниот ги трпи сите критики и функционира по принципот “трпи и бутај”. Толку од патриотизмот и љубовта кон својата татковина. Its about the money baby.