🔴ВО ЖИВО🔴 Македонија – Шпанија

Женската репрезентација на Македонија денеска ќе го одигра третиот натпревар од квалификациите за ЕП 2024 година.

Трет ривал на избраничките на Кристијан Грчевски е репрезентацијата на Шпанија, која поради големото реноме е голем фаворит против „црвено – жолтите“.

Македонија по двете стартни победи над Литванија и Азербејџан практично има обезбедено пласман на континенталниот собир.

Натпреварот меѓу Македонија и Шпанија ќе се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 18:00 часот.

Пренос од овој дуел ќе има на МРТ и на ЕХФ ТВ. Може да го гледате ТУКА и ТУКА.

*линкот на ЕХФ ТВ работи само ако го следите натпреварот од странство, а претходно ќе ви треба регистрација во неколку чекори.