📷Ракометарите го одработија првиот тренинг во Берлин

Машката репрезентација на Македонија во текот на вчерашниот ден пристигна во Берлин и во германската престолнина ќе ги одигра последните два дуели од групната фаза.

Иако беше планиран тренинг и за вчера според распоредот, селекторот им даде слободно попладне на ракометарите, бидејќи се патуваше од Диселдорф до Берлин.

Избраниците на Кире Лазаров денес го одработија првиот тренинг во „Мерцедес Бенц Арена“ и имаа можност да се запознаат со условите на арената.

Македонските ракометари сега најмногу се фокусираат на дуелот со домашната селекција, бидејќи во првото коло, против Франција, покажаа дека можат да бидат незгоден ривал.

Натпреварот меѓу Македонија и Германија ќе се одигра на 14 јануари со почеток од 20:30 часот.