📷Охриѓани се пофалија со два нови „бисери“

На натпревар од Купот на Македонија меѓу екипите на Охрид и Скопје, во редовите на “гладијаторите” се појавија два нови ракометни бисери.

Станува збор за 15-годишниот Петар Николоски и 18-годишниот Лука Лангоски, кои за прв пат се дел од сениорскиот состав на Охрид.

Двајцата перспективни ракометари имаа можност да го покажат својот раскошен талент и ги постигнаа првите голови за сениорскиот тим.

Охриѓани за настап на Ф4 турнирот ќе се борат со тимот на Еурофарм Пелистер, кој во дуелот со Куманово немаше никакви проблеми.

Никола Ристески даде десет гола, Охрид рутински одработи против Скопје