📷Брегар со „дрва и камења“ по судиите после поразот од Црна Гора

Репрезентациите на Србија и Црна Гора двапати се сретнаа во рамки од квалификациите за Европското првенство 2024, кое ќе се одржува во Австрија, Унгарија и Швајцарија.

Црногорките славеа на двата натпревари, на првиот, кој беше одигран во Зрењанин, триумфираа со 31:30, додека на реваншот во Подгорица, исто така забележаа триумф од еден позитива, 26:25.

Реванш дуелот во Подгорица беше проследен со голема битка меѓу двете репрезентации, особено во финишот кога само нијанси одлучуваа каков ќе биде исходот.

Србија имаше шанси да обезбеди реми, но беше пропуштена прилика, па така селекторот Урош Брегар целиот гнев го истури на судиите, браќата од Хрватска, Давор и Зоран Лончар, протестираше и кај македонскиот делегат Ацо Николовски.

Причината за гневот на Брегар беше, бидејќи на неговите избранички им беше досудено пробивање во последните секунди. Поради неговата реакција од судискиот пар Лончар заработи жолт картон.

Црна Гора веќе си обезбеди пласман на континенталниот собир, додека Србија ќе мора во последните две кола, против Бугарија и Турција, да го даде максимумот за да го осигура второто место во групата.