📷 Битолчани ги покажаа спортските манири – им ја честитаа европската титула на браќата Карабатиќ и Пранди

Тројца европски шампион – Никола Карабатиќ, Лука Карабатиќ и Елохим Пранди вечерва гостуваат во Битола.

Со нивниот ПСЖ тие го играат натпреварот од Лигата на шампионите против македонсиот првак Еурофарм Пелистер.

Битолчани ги покажаа спортските манири и капитенот на Еурофарм Пелистер, Филип Кузмановски, им врачи пригодни подаровци на тројца европски шампиони.

Браќата Карабатиќ и Пранди со селекцијата на Франција го освоија златото на Европското првенство во Германија со триумфот над Данска.