🎥Тајм-аутот на Шола стана хит: Батали сѐ што кажав, што ќе играме?

Репрезентацијата на Црна Гора во првото коло на Европското првенство загуби од Унгарија со 26:24.

Црногорците до последната минута беа во игра барем за реми, но поискусната репрезентација не дозволи да има поделба на бодовите.

Во финишот од натпреварот тајм-аут викна селекторот на Црна Гора, Владо Шола, кој заборави дека моментално на располагање нема втор пивот.

Црна Гора за следен ривал го има Исланд, кој во вчерашниот дуел со Србија одигра нерешено, 27:27.