🎥Стоилов и Филип Лазаров со поддршка за репрезентативците: Храбро и борбено, верувајте во себе!

Машката репрезентација на Македонија за прв ривал на Европското првенство во Германија ја има репрезентацијата на Франција.

Пред првиот натпревар со актуелниот олимписки шампион, поранешните репрезентативци на Македонија, Стојанче Стоилов и Филип Лазаров, преку социјалните мрежи испратија мотивациска порака до „црвено-жолтите“.

„Момци, храбро, борбено и без притисок. Играјте за вас, за вашите фамилии и за Македонија. Со среќа“, порача Стоилов.

Филип Лазаров од избраниците на неговиот брат очекува добри настапи на континенталниот собир.

„Многу среќа на Европското првенство. Верувајте едни во други, верувајте во своите квалитети. Многу сте добри и очекуваме добри резултати од вас и победи. Многу среќа“, додаде Лазаров.

Натпреварот меѓу Франција и Македонија ќе се одигра на „Меркур Шпил Арена“ во Диселдорф со почеток од 18:00 часот.